
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги прогласи за зона на катастрофа 10-те провинции погодени од разорните земјотреси во јужна Турција, воведувајќи вонредна состојба. Тој рече дека вонредната состојба ќе трае три месеци – што значи дека ќе заврши непосредно пред закажаните претседателски и парламентарни избори на 14 мај. Вонредната состојба, исто така, може да биде продолжена. Ердоган претходно прогласи вонредна состојба на национално ниво во јули 2016 година по неуспешниот воен удар.