Бројни истражувања докажуваат дека времето кога заспиваме, како и траењето на сонот се во директна врска со нашето здравствено, физичко и психичко здравје. Од неодамна научниците открија дека страната на која заспиваме е еднакво важна. Причината е то што колковите и нивната позиција се тесно поврзани со одредени процеси во нашето тело.
Некој сака да заспива исклучително лежејќи на стомак или на грб, додека други воопшто не размислуваат за положбата. Но, се обложуваме дека после овој текст сигурно ќе почнете да размислувате како е најдобро да заспиете.
Студијата од Националниот центар за биотехнички информации од САД покажува дека спиењето на левата страна може да ги намали симптомите на рефлуксот на киселина и жиговина. Во оваа положба ќе ви се подобри варењето. Покрај тоа, додека спиете на левата страна, притисокот на внатрешните органи е далеку помал и циркулацијата на крвта ќе ви биде подобра.
Внимание: лицата со срцево заболување или бронхијална астма треба да избегнуваат спиење на левата страна. Во оваа положба, амплитудата на движењето се намалува, а притисокот на градниот кош се зголемува. Ова е посебно важно за они кои имаат вишок килограми.
Меѓутоа, спиењето на страна (не е важно дали е на десната или левата страна) го подобрува здравјето на мозокот, бидејќи во оваа положба најдобро се чисти од отпадните материјали, а ова е одлична превенција за Алцхајмеровата болест.
Недостатоци на спиењето на страна
Спиењето на страна има еден посебен и значаен недостаток во однос на нашите совети за убавина, затоа што во оваа положба се зголемува ризикот од појавување брчки.
„Секоја положба на телото која ја собира или истегнува кожата доведува до нејзино опуштање и појавување на брчки со текот на времето“, објаснува американскиот дерматолог Дин Мраз Робинзон.
На крај, ајде да зборуваме за уште еден важен детаљ околу спиењето на страна – никако немојте да ги ставате рацете под перница. Тоа доведува до дополнително оптоварување на мускулно – скелетниот систем и ја нарушува циркулацијата на крвта. Во оваа положба најдобро е да ги држите рацете испружени до телото.
Очигледно е дека мораме да мислиме на својата убавина и здравје, дури и додека спиеме. Слатките сништа не се доволни за да се разбудите со убава и здрава кожа.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.