Внесувањето на голема количина сол во нашето тело е лошо, но здравствените експерти велат дека тоа исто така лошо влијае и на нашиот невролошки систем.
Изразено солената храна најмногу му штети на – мозокот!
Истражувањето кое што било објавено во списанието „Nature Neuroscience“ објаснува дека солената храна ја поттикнува намалената ментална активност и развивање на когнитивните помнења. Ова пред сè се случува поради намалено количество крв во мозокот.
Експериментот кој што бил спроведен на глувци кои што требале да пронајдат излез од лавиринт, покажал дека нивните вештини се значително намалени откако одредено време биле хранети со солена храна. Реакциите толку многу им се намалиле што при движење целосно престанале да ги користат своите мустаќи.
Глувците по три месеци консумирање солена храна развиле и деменција. Тие по природа се многу љубопитни и сакаат да истражуваат, па со текот на времето ја изгубиле својата способност за идентификување предмети. Станале неспособни да изградат свое гнездо, односно нешто што инаку го прават на дневна база.
Експертите процениле дека солената храна има слично влијание и на човечкиот организам, поради што веќе се покренати и нови истражувања.