Барселона има приреди ново разочарување на своите навивачи. Нерешениот резултат во средата против Интер, речиси сигурно ги елиминираше Каталонците од Лигата на шампионите, а вчерашниот по пораз во Ел класико, Барселона му ја препушти лидерската позиција на Реал.

Барселона вложи многу в летниот преоден рок, клубот му ги исполни сите желби на тренерот Чави, кој барем засега со овој тим не успева да воспостави доминација против силни противници.

По поразот од Реал (3:1), статистичарите излегоа со податокот дека Чави е најлошиот тренер на Барселона во 21. век.

Доколку се земат во предвид тренерите кои го воделе тимот на најмалку 50 натпревари, Чави се наоѓа на последното место. Неговиот скор е 28 победи и по 11 нерешени и порази. Поголем процент на успешност од Чави има и Роналд Куман.

Прикажи повеќе