Челси во изминатиот период потроши над 600 милиони евра за нови засилувања, по доаѓањето на газдата Тод Боели, а на лето се очекува чистка на „Стемфорд бриџ“ и продажба на фудбалерите кои не им се потребни на „сините“.
Боели планира да продаде дури 12 фудбалери и да заработи најмалку 260 милиони евра, а на трансфер-листата веќе се наоѓаат Ковачиќ, Маунт, Аспиликуета, Лофтус-Чик, Пулишиќ, Чилвел, Галагер, Зијеш, Броја, Хаверц, Стерлинг и Обамејанг.
На најголем дел од овие фудбалери им завршуваат договорите во 2024 година, па газдата на Челси сака да заработи нешто од нивните трансфери, зашто во спротивно може да ги загуби бесплатно.