Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе отсуствува еден месец поради повреда со која се здоби на мечот против Селтик во Лигата на шампионите.

Првите прогнози беа пооптимистички. Се чинеше дека повредата на францускиот интернационалец не е сериозна, се шпекулираше дека ќе го пропушти само натпреварот против Мајорка во ла Лига. Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека повредата на квадрицепсот е од понезгодна природа.

Паузата ќе биде подолга, покрај Мајорка, Бензема ќе ги пропушти и дуелите против Лајпциг и Атлетико Мадрид, плус обврските со репрезентацијата на Франција во Лигата на нации.

Јасно е дека најголем хендикеп за Реал Мадрид е токму отсуството за градското дерби против Атлетико Мадрид на 18 септември на „Ванда Метрополитано“.

Прикажи повеќе