Cпоред Гардијан“, сопственикот на Челзи, американскиот бизнисмен Тод Боли, планира да го купи францускиот прволигаш Стразбур. Американецот сега има амбиции да влезе во француската Лига 1, со оглед на тоа што УЕФА планира да ги намали ограничувањата кога станува збор за сопственост на неколку клубови од една иста личност, Боли реши да тргне да купи уште еден клуб.
Се обиде да го купи Лион, но неговата понуда беше одбиена. Исто така го одбија и Бордо и Сошо. Идејата е Стразбур да биде отскочна даска за талентите на Челзи кои би имале минутажа во сениорскиот фудбал во една од најдобрите пет лиги.
Многу други клубови функционираат слично. Ред Бул тоа го прави со Лајпциг, Салцбург, Њујорк… Сити групацијата која е сопственик на Манчестер Сити поседува мрежа на клубови… Њукасл планира да го стори истото.