Рома го победи Јувентус со 1:0, во дерби натпреварот од 25. коло во Серија А. Дербито на „Олимпико“, го реши евро-голот на Џанлука Манчини во 53.минута.
Натпреварот ја обележа неефикасноста на фудбалерите на Јувентус (три пати ја погодија рамката на голот) и потегoт на Мојс Кин.
Напаѓачот на теренот влезе на истекот на претпоследната минута, а теренот го напушти 40 секунди подоцна. Кин доби црвен картон поради удирање на противнички играч.