Според ФИФА, посетеност на првите 48 натпревари на Светското првенство во Катар била повеќе од 2,45 милиони гледачи, што е 96 отсто од капацитетот на стадионот. За споредба, првата етапа од натпреварувањето пред четири години во Русија ја следеа 2,17 милиони гледачи. Најгледан меч досега на овогодинешното Светско првенство беше натпреварот помеѓу Аргентина и Мексико кој на стадионот „Лусаил“ го следеа 88.966 гледачи.
„Исходот од групната фаза покажува до кој степен повеќе земји стекнале алатките за да се натпреваруваат на највисоко ниво. Ова е резултат на подобра подготовка и анализа на противниците, што исто така е одраз на подеднаков пристап до технологијата. Ова е во согласност со напорите на ФИФА да ја зголеми конкурентноста на фудбалот на глобално ниво“, изјави шефот за глобален фудбалски развој на ФИФА, Арсен Венгер.
ФИФА објави и дека повеќе од еден милион фанови го посетиле Фестивалот на навивачите во паркот Ал Бида.