Илјадници луѓе излегоа на улиците низ Перу барајќи оставка од претседателот Педро Кастиљо, левичар, чија влада е под истрага за корупција.
Веејќи перуански знамиња и извикувајќи антивладини слогани, демонстрантите маршираа кон Конгресот. Полицијата фрли солзавец во обид да ја растера толпата.
Перуанскиот претседател ги нарече оние кои се против неговата влада „реакционери” и „непријатели на народот”.
Кастиљо, кој ја презеде функцијата минатиот јули, веќе се соочи со два обиди за импичмент.