Бразилскиот гигант Фламенго го именуваше Хорхе Сампаоли за нов тренер. Тој доаѓа на местото на Витор Переира. Португалскиот стручњак доби отказ по сензационалниот пораз од Маринга со 0:2 во Купот на Бразил.

Advertisements

Договорот на Сампаоли е до крајот на 2024 година. Аргентинецот последен пат беше на чело на Севилја, но се раздели со Андалузијците на крајот на март.

Хорхе Сампаоли има искуство во бразилската Серија А, каде ги водеше Сантош и Атлетико МГ. Викендов започнува новата сезона во Бразил, а првиот натпревар на Фламенго е на домашен терен против Коритиба.

Прикажи повеќе