Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е само четвртиот играч во историјата кој е најдобар стрелец во Премиер лигата и Лигата на шампионите во иста сезона.

Со овој успех репрезентативецот на Норвешка застана рамо до рамо со легендарните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, Руд ван Нистелрој и Двајт Јорк. Халанд сезонава одигра 53 натпревари во сите натпреварувања и постигна 52 гола, од кои 36 во Премиер лигата, дури шест повеќе од второпласираниот Хари Кејн од Тотенхем, односно 12 во Лигата на шампионите.

Оваа сезона, Сити стана само вториот англиски клуб во историјата кој освоил три трофеи во една сезона, откако Манчестер Јунајтед го направи тоа во 1999 година. „Граѓаните“ прво ја освоија Премиер Лигата, потоа над Манчестер Јунајтед триумфираше во финалето на ФА Купот и на крај беа подобри од Интер во Лигата на шампионите./Gol.mk/

Прикажи повеќе