Легендарниот Коби Брајант и неговата ќерка Џана, ќе добијат статуа пред салата во која кошаркарот ги достигна своите најславни денови од играчката кариера.

Дворот на поранешниот „Стејплс Центар“, а денешна „Крипто. ком Арена“, ќе биде збогатен со статуа на прерано загинатите Коби и Џана, а фановите секогаш ќе имаат можност да му оддадат почит на петкратниот НБА шампион. Статуата симболично ќе биде поставена на 08.08.2024 година, односно според бројките „8“ и 24“ кои Брајант ги носеше на своите дресови во Лејкерс.

Коби Брајант имаше 41 година, а неговата ќерка само тринаесет, кога нивниот хеликоптер се сруши во областа Калабасас, Лос Анџелес. Заедно со нив загинаа уште седуммина, а оваа несреќа се смета за една од најтрагичните во историјата на Соединетите Американски Држави.

Прикажи повеќе