Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, е во САД на состанок со претставници на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и специјалниот претставник Стив Виткоф, објавија медиумите денес.

Се очекува Дмитриев да се сретне со американски претставници за да „продолжи со дискусиите за односите меѓу САД и Русија“, објави CNN, повикувајќи се на информирани извори.

Axios објави дека Дмитриев и Виткоф ќе се сретнат утре во Мајами. Претседателот Доналд Трамп воведе санкции врз две од најголемите руски нафтени компании претходно оваа недела во обид да го принуди Путин да ја заврши војната во Украина.

Минатата недела, Трамп разговараше со Путин по телефон и објави дека двајцата лидери наскоро ќе се сретнат, но состанокот беше одложен.

Текстот Путин испраќа специјален претставник во САД по санкциите на Трамп е превземен од МАКФАКС.