Компилација од видеа објавени на социјалната мрежа X од корисникот @NancyH_60 ги прикажува реакциите на туристите на порциите храна во Европа, што предизвика дебата за разликите во големината на оброците и навиките за јадење од двете страни на Атлантикот.

Во еден клип, турист покажува кон порција сладолед и чинија со мали сендвичи, прашувајќи: „Што е ова, некаква закуска?“ и се прашуваат кого „треба да нахрани таков оброк“.

Еден од патниците забележа дека „секогаш губи тежина кога се враќа дома од Европа“. Туристите, исто така, се пожалија на зачините во видеото. „Тука нема вкус“, коментираше едно лице.

Видеото предизвика дебата меѓу корисниците на социјалните мрежи за тоа дали европските порции се премногу мали или северноамериканските порции се премногу големи. Многумина ги бранеа помалите порции, тврдејќи дека тие водат до поздрава исхрана.

фото/Depositphotos

Текстот (Видео) Туристи се чудат од европските порции и прашуваат: „Кого треба да нахрани ова?“ е превземен од МАКФАКС.