Иако потпетиците може да бидат поженствен и попривлечен избор кога станува збор за обувки, рамните сандали дефинитивно се моделите на кои се враќаме секоја пролет и лето.
Удобни и совршени за долги прошетки и трчање, а воедно се и модерни и убави, рамните сандали лесно можат да се вклопат во секаков стил на облека.
Ако верувате во бројот на рамни сандали во продавниците, еден модел на рамни сандали веќе се издвои, па затоа на вас е да го изберете вашиот омилен модел и боја и да уживате во нив во текот на жешките летни денови. Ова се таканаречените „танга“ сандали.
Го добиле ова име поради карактеристичниот ремен што го одделува палецот од останатите прсти и се прекрстува преку горниот дел од стапалото, поврзувајќи се со ременот околу глуждот.
Удобни се и шик, а одлично одат со здолништа, фустани, панталони, бермуди, фармерки… Совршени се за одење на работа, дружење со пријатели или едноставно за обични летни вечери.
Текстот (Фото) Жените ги купуваат масовно: Овие сандали се вистински летен хит во 2026 година е превземен од МАКФАКС.














