Сопствениците на ПСЖ се подготвени да направат радикални промени во работењето на клубот. Се чини дека тие ќе стават крај на мегаломанските трошења во преодните рокови. Јасно е зошто се подготвени да направат тотален пресврт во трансфер политиките на клубот.

Advertisements

ПСЖ и покрај огромните вложувања не успева да ја оставри целта, односно да ја освои Лигата на шампиони. Како што пренесува „Ле Парисиен“, Луис Кампос, спортскиот директор на ПСЖ, на трансфер листата ќе го стави секој играч кој не се докажал или нема го стори тоа до крајот на сезоната.

Исклучок ќе бидат: Мбапе, Донарума, Нуно Тавареш, Хакими, Данило, Верати и Маркињос. Што и да се случи до крајот на сезоната ПСЖ нема да се откаже од овие фудбалери. Ова значи дека од француската престолнина во текот на летото може да си заминат имиња како Меси, Нејмар или Серхио Рамос.

Меѓу желбите на ПСЖ се Кефрен Турам од Ница, Коло Муани од Ајнтрахт, Јусуф Фофана од Монако, Ману Коне од Борусија Менхенгладбах и Рајан Черки од Лион.

Прикажи повеќе