Францускиот кошаркарски сојуз, идната година ќе го повлече дресот со број 9 во репрезентацијата во чест на легендарниот Тони Паркер, пишуваат француските медиуми.

Сојузот уште во април се одлучи да го повлече дресот на Паркер, а сега одреден е и точниот датум – 12 јули 2024 година. Свеченоста ќе биде одржава во Лион, во новоизградената „ЛДЛЦ Арена“ која ќе биде отворена во ноември оваа година.

Франција планира на 12. јули да организира и два ревијални меча на женската и машката репрезентација, како подготовка за ОИ во Париз. Воочи мечевите ќе биде организирана свеченост на кој ќе биде повлечен дресот со број 9 на Паркер.

Паркер одигра 181 меч во селекцијата на Франција, а постигна 2.741 поен за националниот тим. На ЕП освои по еден златен и еден сребрен медал, како и две бронзи.

Прикажи повеќе