Најмалку 18 лица загинаа, а 23 се повредени во автобуска несреќа во западно Мексико. Автобусот превезувал Мексиканци и мигранти на северот на земјата, соопштија властите.

„Вкупниот број загинати во несреќата е 18, од кои тројца се малолетни и 15 возрасни“, соопшти полицијата во државата Најарит, додавајќи дека несреќата се случила ноќе.

„Повеќето од патниците беа странци од земји како Индија, Доминиканската Република и од африканскиот континент“, соопштија властите, истакнувајќи дека некои патувале во Тихуана за да се обидат да преминат во Соединетите Држави.

Прикажи повеќе