Хрватската ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Модриќ, неочекувано е во посета на Белград, Србија, каде што ќе бара решение за мускулната повреда која ќе го оддалечи од терените неколку недели кај докторката на Новак Ѓоковиќ.

37-годишниот ветеран, кој се очекува да продолжи уште една година со „кралевите“, според српските медиуми „тајно“ пристигнал на тестови кај докторката Маријана Ковачевиќ, која долго време се грижи за зравјето на Новак Ѓоковиќ, како и на повеќе срспки спортисти.

Последен меч на Модриќ беше против Џирона во вторник, кога Реал загуби со 4:2, а Хрватот го повреди мускулот. Тој се надева дека ќе се опорави за финалето на Кралскиот куп против Осасуна на 6 мај, како и полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер сити на 9 и 17 мај.

Прикажи повеќе