Англискиот премиерлигаш Ливерпул влегува во сериозна трка за Килијан Мбапе. Клубот од „Енфилд“ е подготвен да плати 300 милиони евра за да го доведе францускиот ас во Премиер – лигата.
„Ливерпул сака да плати 250 милиони евра и 50 милиони преку бонуси за Мбапе. Англискиот клуб влезе во борба со Реал за него. Одлуката и изборот се на Мбапе“, изјави фудбалскиот агент Марко Кирдемир.
Килијан Мбапе го напушта клубот по седум години минати во ПСЖ. Катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани пред четири дена му постави ултиматум, или да потпише нов договор – или да си оди. Во таков случај, Мбапе почна преговори со Реал Мадрид. Сега во трката се вклучува и Ливерпул./Makfudbal/