Националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс ќе биде убедливо најбројна политичка партија во новиот состав на холандскиот Парламент, јави РТЛ повикувајќи се резултатите од излезна анкета од денешните предвремени парламентарни избори во Холандија.

Според оваа анкета, спроведена по нарачка на РТЛ, ПВВ ќе има 35 пратеници во новиот 150-член состав на Долниот дом на холандскиот Парламент, пред левоцентристичкиот блок на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на Франс Тимерманс со 26, конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на досегашниот премиер Марк Руре, која сега ја предводи Дилан Јешилѓоз-Зегериус со 23 и десничарскиот Нов социјален договор (НСЦ) на Питер Омцигт со 20 мандати.

Прикажи повеќе