Челси синоќа ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. Елиминацијата тешко ја поднесе легендата на клубот Дидие Дрогба. Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска не може да поверува во што се претвори клубот по заминувањето на роман Абрамович.

Advertisements

„На клубот му недостасува класата што ја имаше во ерата на Роман Абрамович. Тешко ми е да гледам како Челзи се ослободи од одредени луѓе. Клубот треба да се врати на принципите што ги имаше некогаш. Клубот има нов сопственик, нова визија. Се разбира, го споредуваме со ерата на Абрамович кога беа донесени многу играчи, но одлуките се носеа паметно. Има играчи кои се искусни, но стратегијата сега е да се потпреме на младите. Не е лесно тренер да води тим во кој има 30 играчи. На Челзи му недостасува харизматичен лидер, му требаат играчи кои преземаат одговорност. Му треба играч кој носи лудило на стадионот“, рече Дрогба.

Дидие Дрогба, одигра 381 натпревар за Челзи, постигна 164 гола и забележа 86 асистенции.

Прикажи повеќе