Бернардо Силвa, португалскиот фудбалер oд редовите на Манчестер Сити, зборуваше за квалитетите и успесите на Реал Мадрид во пресрет на полуфиналната пресметка од Лигата на шампионите.

„Многу го почитуваме Реал, но нема страв. Зошто да се плашиме од нив? Ќе се обидеме да го одржиме моментумот што го добивме во овие два месеци за да пристапиме на овој натпревар со сигурност дека ќе победиме, знаејќи дека минатата сезона не ја освоија Лигата на шампионите без причина“, рече Силва.

Тој беше прашан и за тежината на грбот и дресот на Реал Мадрид.

„Не е проблем во грбот, никогаш не било тоа проблем. Да ги немаше Модриќ, Крос, Винициус, Бензема… немаше да освојат ништо, бидејќи дресот не прави сè сам“, заклучи Силва.

Првата средба меѓу англискиот и шпанскиот шампион се игра во Мадрид, во вторник со почеток од 21:00 часот.

Прикажи повеќе