Денвер и ЛА Лејкерс вечерва ја започнуваат битката за претставникот на Западот во големото финале на НБА, а ден подоцна Бостон Селтикс и Мајами Хит ја започнуваат серијата од финалето на Истокот.

Токму затоа, ден пред првиот натпревар од финалето на Западната конференција, тренерот на Лејкерс, Дарвин Хем, беше запрашан како ќе го запре српскиот центар. Неговиот метод изгледа многу ефикасен, иако многумина ќе речат дека не е баш во согласност со законот.

„Фатете го кога ќе излезе од дома и киднапирајте го“, рече Хем и им се насмеа на новинарите собрани на тренингот пред со посериозен тон да го објасни планот против Џокерот.

„Сите знаеме колку е голем. Ќе мораме да го браниме на различни начини, имаме двајца момци кои ќе видат многу акции против него и мораме да направиме се што можеме за да го одржиме надвор од рамнотежа. Среќен сум што имаме разновиден ростер и ќе одиме натпревар по натпревар. Имаме солиден план, ќе видиме што ќе ни донесе на првиот натпревар и ќе одиме оттаму“.

Прикажи повеќе