Финансиските проблеми на Барселона негативно се одразија на 18. годишниот Гави, еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Тој повеќе не е на списокот на играчи на професионалниот тим на Барселона, вратен е на договорот што го имаше како играч на клупската академија и теоретски би можел да го напушти клубот бесплатно во летниот преоден рок. Целата ситуација околу Гави ќе се обиде да ја искористи Челси.

Advertisements

„АС“, пишува дека лондонскиот гигант е подготвен на Гави да му ја понуди платата што ја сака, а тинејџерот би можел да стане еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Во текстот пишува дека Гави сака да остане во Барселона, но дека се уште не се знае како ќе реагира на понудата со која пред него ќе излезе Челси.

Да потсетиме, Ла Лига неодамна на официјалниот сајт го избриша тинејџерот од екипата на Барселона. Според Ла Лига Гави повеќе не е член на сениорскиот тим на Барселона иако сезонава одигра 40 натпревари. Според „Трансфермаркт“, еден од најголемите светски таленти вреди 90 милиони евра.

Шпанскиот суд го прогласи за неважечки договорот на Гави потпишан минатата година со Барселона, откако Ла Лига поднесе жалба дека играчот е предоцна пријавен поради финансиските проблеми на клубот.

Прикажи повеќе