Десетици летови беа откажани денеска на аеродромот во Франкфурт, најпрометниот и еден од најголемите во Европа, поради поплави предизвикани од обилните врнежи од дожд.

Аеродромот соопшти дека синоќа на пистата се насобрало многу вода, јави ДПА.

На веб-страницата на аеродромот беше објавено дека синоќа до 23 часот се откажани околу 70 летови, додека 23 летови за Франкфурт се пренасочени кон други аеродроми.

Делови од југозападна и централна Германија беа поплавени поради обилните врнежи.

Прикажи повеќе