Деклан Рајс е на добар пат да стане најскапиот фудбалер во историјата на Премиерлигата затоа што Арсенал и Манчестер сити почнаа да испраќаат понуди до Вест хем.

Вест хем досега одби неколку понуди за својата најголема ѕвезда, а сега до нив пристигна понуда од 105 милиони фунти од Арсенал.

„Чеканите“ не брзаат со одговор на оваа понуда затоа што го чекаат следниот потег на Манчестер сити, кој исто така е заинтересиран за услугите на Рајс.

Големиот интерес на двете екипи му оди во прилог на Вест хем, кој може дополнително да ја зголеми цената за талентираниот фудбалер.

Прикажи повеќе