Aктуелен вицепрвак на Стариот континент многу веројатно ќе мора да игра против Македонија, како и против Малта во претстојните два евроквалификациски мечеви без арсеналовата ѕвезда Букајо Сака, кој се повреди на последниот меч сезонава во Премиерлигата за „топчиите“.
Сака беше заменет после еден час игра после низа погруби стартови, по што неколку минути од последната лекарска интервенција предвреме го заврши мечот, па сега е под знак прашалник неговиот настап за „Гордиот Албион“ и ќе се чекаат лекарските прегледи за да се утврди каков степен е евентуалната повреда.
Неиграњето на Сака против Македонија и Малта е многу поизвесно зашто и Арсенал, според најавите, ќе притиска да не се инсистира на негов настап за да не се влоши ситуацијата посебно зашто станува збор за крај на сезона и исцрпеноста од преголемиот напор е преголем.
Македонија на Англија ѝ гостува на 19 јуни на „Олд Трафорд“, а три дена претходно црвено-жолтите ќе играат против Украина во Скопје, додека „Гордиот Албион“ ја чека меч со Малта./Sport1/