Антонио Конте (53) доби отказ од Тотенхем, а до крајот на сезоната главен тренер ќе биде неговиот помошник Кристијан Стелини, соопштија од лондонскиот клуб. Пред официјално да биде разрешен италијанецот, англиските медиуми почнаа да пишуваат дека на негово место по отказот од Баерн би можел да дојде Јулијан Нагелсман (35).
„Скај спортс“, објави дека претседателот на Тотенхем сакал да го доведе Нагелсман во 2019 година, кога Маурисио Покетино доби отказ, и повторно во 2021 година, откако Жозе Мурињо си замина. Младиот германски стручњак наводно е заинтересиран за работата, но прво сака да се одмори и да размисли за сопствената кариера.
„Скај спортс“, открива дека првиот човек на Тотенхем Даниел Леви им се восхитува на тренерите Марко Силва, Роберто Де Зерби, Сержио Консеиао и Томас Франк, а како можен наследник на Конте се споменува поранешниот капитен на Манчестер сити, Винсент Компани, сега тренер на второлигашот Барнли.