Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема, стана првиот играч во историјата на клубот кој постигнал најмалку 20 гола во 11 сезони. Искусниот фудбалер во неделата во победата од 6:0 против Ваљадолид, во 27. коло од шпанскиот шампионат, постигна хет-трик за седум минути. Бензема оваа сезона постигна 22 гола во сите натпреварувања.

Advertisements

Французинот до вчера го делеше рекордот со легендарните Алфредо ди Стефано и Раул, кои во десет сезони постигнаа најмалку 20 гола за кралскиот клуб.

Бензема, исто така, стана сопственик на најбрзиот хет-трик на Реал Мадрид во натпреварите во Ла Лига од 19 април 1992 година, кога Фернандо Јеро постигна три гола против Еспањол во интервал од шест минути. 35. годишниот напаѓач е во Реал од 2009 година.

Прикажи повеќе