Турција оди во вториот круг на изборите откако претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите вчера оставри пдобар резултат од очекуваниот и има значителна предност пред својот ривал, но недоволна за потребното мнозинство.
Ниту Ердоган ниту кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу не добија 50 отсто и повторно ќе се соочат на 28 мај. Киличдароглу, кој најави дека на крајот ќе победи, ги повика своите поддржувачи да бидат трпеливи и ја обвини партијата на Ердоган дека се меша во пребројувањето на гласовите и манипулира со објавувањето на резултатите.
По преброените 99 отсто од гласачките ливчиња, Ердоган води со 49,39 отсто, а Киличдароглу има 44,92 отсто, јави државната новинска агенција Анадолу.