Иранските власти објавија нови правила за бродовите што сакаат да минуваат низ Ормускиот Теснец, откако Техеран и Вашингтон потпишаа меморандум за разбирање.
Според новите процедури, сите бродови ќе мора да поднесат барање за транзит преку официјалните канали на надлежната управа и да достават важечки контакт-податоци. Барањата треба да се поднесат најмалку 48 часа пред пристигнувањето во теснецот.
Во наредните 60 дена нема да се наплаќаат такси за безбедносни, заштитни и еколошки услуги, ниту за поврзаното иранско осигурување, а трошоците ќе ги покрива иранската влада.
Властите предупредија дека поради минирани подрачја и безбедносни причини, бродовите ќе мора однапред да ги усогласат планираните рути и времето на премин.
Новите мерки следуваат по меморандумот во 14 точки што електронски го потпишаа американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, со посредство на Шехбаз Шариф. Според договорот, Иран повторно го отвора Ормускиот Теснец, а САД треба да ја укинат поморската блокада.
Текстот Иран воведе нови правила за пловидба низ Ормускиот Теснец е превземен од МАКФАКС.












