Малолетник е тешко повреден откако во него удрило патничко возило на кружен тек во Тетово. По сообраќајката возачот побегнал. Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајната незгода се случила синоќа на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ со улицата „Гоце Стојчески“.

Повредениот малолетник од село Шемшово е пренсен во Клиничката болница во Тетово каде му се коснтатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Возач со автомобил побегна откако удри и тешко повреди дете во Тетово е превземен од МАКФАКС.