Мет Дејмон пристигна на лондонската премиера на неговиот нов филм „Одисеја“, одржана во понеделник, во придружба на целото негово семејство. 55-годишниот актер беше поддржан од неговата сопруга Лусијана (49) и нивните четири ќерки: Алексија (26), Изабела (19), Џија (17) и Стела (15).
Додека Дејмон избра елегантен сив троделен костум, Лусијана блескаше во црна тоалета со декоративни детали и крената коса.
Нивните ќерки исто така избраа свечени долги фустани за премиерата. Во новиот филм на режисерот Кристофер Нолан, Дејмон го игра Одисеј, легендарниот крал на Итака, а приказната го следи неговото долго и опасно патување дома по Тројанската војна.
Холивудската ѕвезда е позната по тоа што го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста и ретко ги носи сопругата и ќерката на филмски премиери. Затоа појавувањето на целото семејство на црвениот тепих привлече посебно внимание.
Ова јавно појавување се случи по неодамнешните изјави на Дејмон за тоа како „немилосрдниот Холивуд“ влијаел на неговиот живот како татко, но и колку брзо минуваат годините додека одгледува четири ќерки.
Една од причините зошто се заљубил во Лусијана, како што претходно откри, е тоа што таа била посветена самохрана мајка на нејзината четиригодишна ќерка Алексија. Кога се венчале во 2005 година, Дејмон легално ја посвоил Алексија и ја прифатил улогата на очув.
„Со Луси, веднаш го прифатив тој предизвик. Мислам, Алексија веќе имаше четири години. Бев „татко плус““, претходно изјави тој. Двојката подоцна доби уште три ќерки – Изабела, Џија и Стела. Дејмон призна дека неговиот пат кон родителството бил „многу различен“, но дека не би го менувал за ништо.
„Не можам да си го замислам животот ако не тргнев по тој пат. Не можам да си замислам каков би ми бил животот сега. Не сакам ни да размислувам за тоа“, заклучи тој.
фото/ЕПА
Текстот (Видео) Ретка глетка: Мет Дејмон со сопругата и четирите ќерки се појави на црвениот килим е превземен од МАКФАКС.















