Двајца возачи се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на улицата „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, информира МВР.
Несреќата била пријавена во 7:30 часот, а во неа учествувале автомобил „бмв“, управуван од 18-годишниот М.Б. од Тетово, кој немал положено возачки испит, и товарно возило „форд“, управувано од 24-годишниот В.Е. од Пршовце.
Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени за укажување помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Клиничката болница во Тетово.
Во несреќата бил повреден и 19-годишниот А.Р. од Тетово, сопатник во товарното возило. Кај него биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.
Текстот 18-годишник без положен возачки испит учествувал во тешка сообраќајка во Тетово е превземен од МАКФАКС.















