Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по коментарите на Трамп за „преземање“ на Газа.
„Имавме долгогодишен двопартиски став за решение со две држави“, им рече тој на новинарите, мислејќи на создавањето на независна палестинска држава која ќе постои заедно со Израел.
„Позицијата на Австралија е иста, како и утринава, како и минатата година, како и пред 10 години“, рече тој, додавајќи дека оваа позиција добила двопартиска поддршка.
Албанез додаде дека нема да дава „дневни коментари за изјавите на американскиот претседател“.
Текстот Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави е превземен од МАКФАКС.