Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, пристигна во официјална посета на Турција.

Advertisements

Лавров утре во Анкара ќе разговара со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, изјави претходно денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, пренесува ТАСС.

Двајцата министри ќе разговараат за ситуацијата во Украина и Сирија, Либија и Нагорно Карабах, како и за ситуацијата на Балканот, Авганистан и Централна Азија.

Лавров и Чавушоглу ќе разговараат и за перспективите за трговска и економска соработка со Западот во периодот на антируските санкции./Makfax

Прикажи повеќе