Името на Лионел Меси би довело неверојатни приходи во кој и да е клуб, лига, земја или пак континент. За такво нешто се свесни во Соединетите Американски Држави, па оттаму доаѓа интересна шпекулација. Имано, целта е да се натере најдобриот да дојде во МЛС лигата, а механизмот за такво нешто е оригинален.

Advertisements

Според најавите, Меси би имал слобода да си одбере каде би сакал да игра, а клубовите се согласиле сите заедно да ја делат платата на Аргентинецот. Секако, најголем дел би покрила екипата во која би играл, додека останатите би делеле делови, со цел да се задржат финансиските правила.

Доколку Меси прифати такво нешто, тоа би бил неверојатен плус за американското првенство. Вистински пример за апсолутен раст на интересите за лигата, телевизиските права и спонзорските договори е преодот на Роналдо во Ал Наср во Саудиска Арабија./Gol.mk/

Прикажи повеќе