Новиот италијански шампион Наполи многу веројатно ќе има нов тренер за следната сезона. Спалети вчера потврди дека донел одлука и нема да го менува мислењето, најавувајќи ја разделбата.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, наводно веќе и одлучил кој ќе го наследи на тренерската позиција. Според „Туто Наполи“, ексцентричниот сопственик на „наполитанците“ го избрал Џанпјеро Гасперини, сегашниот тренер на Аталанта. Иако се споменуваа Антонио Конте и Рафаел Бенитез, сепак, Аурелио Де Лаурентис го сака Гасперини на клупата на тимот.

Наполи планира да му понуди на Гасперини двегодишен договор со плата од 4 милиони евра. Спалети речиси сигурно ќе го напушти Наполи и покрај тоа што го предводеше тимот до првата титула во Серија А по 33 години. Тој не е во најдобри односи со Де Лаурентис, а веста за разделбата ќе биде официјално објавена на 4 јуни, по натпреварот против Сампдорија во последното коло.

Прикажи повеќе