Рускиот тенисер Данил Медведев го искористи моментот на замор кај Алексндар Зверев и го победи во два сета (6-2, 7-6) во рамките на осминафиналето на Мастерс-турнирот во Рим.
За Зверев овој дуел беше втор во текот на денешниот ден, откако претходно играше со Волф, па заморот беше евидентен. Медведев имаше и интересен момент во вториот сет кога влезе во конфликт со публиката на која ѝ порача дека треба да замолчи.
22-рангираниот Зверев во следната рунда ќе игра со германскиот тенисер Јаник Ханфман кој приреди изненадување и го исфрли Рубљев од турнирот.