Реал Мадрид стигна до 3:2 победа над Милан во интересен подготвителен меч на „Роуз Боул“ во Пасадена, Калифорнија, во кој пак одлучувачки за „кралевите“ беше Винисиус Жуниор „Росонерите“ имаа фантастично прво полувреме, откако во 25. минута по корнер на американското засилување, Кристијан Пулишиќ, Фикајо Томори стрелаше за 1:0, за пред крајот на полувремето, уште едно ново засилување, Лука Ромеро да постигне убав гол од работ на шестнаесетникот.
И покрај солидното деби на Џуд Белингем во средината на теренот, Реал не успеа да постигне гол, пред влегувањето во игра на Винисиус да ги сменеи работите. Тој беше одговорен за контранападот по кој Федерико Валверде намали на 2:1 по грешката на Марко Спортиело на голот во 57. минута, за само две минути подоцна Валверде да израмни на 2:2. Винисиус ја наттрча одбраната на Милан на 10 минути пред крајот за да ја запечати победата.