Себастијан Кел, менаџерот на Борусија Дортмунд, проговори за состојбата на Ерлинг Халанд, потврдувајќи го отсуството на норвежанецот на неделниот натпревар против Баер Леверкузен,
„Се уште има проблеми со мускулите. Наскоро ќе се врати, многу е мотивиран“.
Кел потоа ги коментираше гласините за можниот трансфер на Никлас Суле од Баерн Минхен кај Борусија Дортмунд, следното лето.
„Знам како функционираат операциите, затоа нема да коментирам. Да, точно е дека има некои играчи кои ќе излезат на лето. Ова е предизвикано и од пандемијата, ни се случува и нам,“ потврди Кел.