
Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија ќе се врати во Бенфика, неговиот прв клуб на европско тло. Тој во португалскиот клуб играше од 2007 до 2010 година, а потоа направи трансфер во Реал Мадрид. Аргентинецот играше и за Манчестер Јунајтед, беше член и на Пари Сен Жермен, а минатата сезона го носеше дресот на Јувентус.
Ди Марија имаше опција да потпише за Интер Мајами и да му се придружи на Лионел Меси во МЛС – лигата, како и богати понуди од Саудиска Арабија.