Албанскиот претседател, Илир Мета на заедничката прес-конференција со вршителката на должноста претседателка на Косово, Вјоса Османи рече дека Албанија е убедена во легитимноста на Косово, посакувајќи што поскоро да биде членка на Европа,што ќе биде во интерес на целиот регион.
Мета, исто така, рече дека заедно со Османи високо ги оцениле можностите што соработката меѓу двете земји ја прават уште поконкретна, истовремено изразувајќи поддршка за поранешните лидери на ОВК,обвинети од Хашкиот трибунал за воени злосторства.
-Задоволство ми беше да ја примам Вјоса денес, за дополнително да ги зајакнеме нашите односи во служба на иднината, и благодарам за нејзината искреност и подготвеност да ја зајакнеме оваа соработка за највиталните прашања на регионално ниво и пошироко. Го поздравив ставот кон водачите на ОВК да се соочат со правдата за да ја потврдат праведноста на ОВК против српскиот геноцид, рече меѓу другото Мета.
Додаде дека посебно го поздрвавува ставот и единството покажано во овие важни моменти, но исто така и со предизвиците со кои се соочува Косово, како и со пандемијата.
-Искажавме подготвеност за зајакнување на соработката за највиталните прашања за земјите, граѓаните, но и на регионално ниво и пошироко. Ги оценивме можностите што ја прават уште поконкретна соработката меѓу двете земји, особено мобилизацијата на стратешкото партнерство да биде пример во однос на стандардите на демократијата и напредокот на евроинтеграциите, додаде Мета.
Османи не ја заобиколи идејата за размена на територии, заблагодарувајќи му се на Мета за неговиот став.
Според Османи, иако се смета дека оваа идеја е мртва, може да дојде време таа да биде вратена на маса како територијална награда за Србија. Затоа, таа побара Албанија и Косово да бидат обединети во овој правец.
-Другото прашање за кое на прво место му се заблагодарив на претседателот Мета беше неговиот цврст став против ужасната идеја и опасната авантура за промена на границите.Колку и да мислите дека ова е мртва идеја, мислам дека по некое време може да се врати на маса. Затоа е неопходен силен глас во Албанија, но и на Косово, заеднички да се спротивставиме на овие идеи што се повеќе од апсурдни и го дестабилизираат регионот, тие се само награда со територии за држава како Србија, која изврши геноцид , рече Османи.
Османи на која ова и прва посета во својство на шеф на косовската држава во Албанија останува три дена и ќе се сретне со државниот врв и лидери на политички партии.
Извор.МИА