Напаѓачи вчера попладне пукале од автомобил во случајни минувачи на Флорида и застрелале десет луѓе. Инцидентот се случил во градот Лејкленд околу 15:43 часот, а две жртви се во критична состојба.
Од полицијата велат дека напаѓачите во еден момент ги спуштиле сите четири стакла од темносиното возило и отвориле оган. Тие пукале во луѓе од двете страни на улицата. Полицајците пронашле три лица кои биле застрелани и ги однеле во болница, додека седум жртви со приватен автомобил биле пренесени во клиниките.
„Имаме причина да веруваме дека се работи за целен напад“, изјави шефот на локалната полициска станица Сем Тејлор, додавајќи дека жртви на нападот биле мажи на возраст меѓу 20 и 35 години, пишува Ен-би-си њуз.
Тој додаде дека две лица се во критична состојба, едното е застрелано во пределот на стомакот, а другото во лицето и вилицата, а останатите осум се со повреди кои не се опасни по живот.
Полицијата врши увид. Засега не е познат мотивот за нападот.
Лејкленд се наоѓа источно од Тампа и има население од околу 112 000 жители.