Крис Џенер (70) се појави во саботата на големото отворање на Музејот на наративна уметност Лукас во Лос Анџелес, а нејзиниот изглед повторно привлече големо внимание. Мајката на семејството Кардашијан-Џенер ги покажа резултатите од фејслифтингот на црвениот тепих, за кој, според американските медиуми, потрошила 100.000 долари.

Таа пристигна на настанот во друштво на својот долгогодишен партнер Кори Гембл (45). Џенер и Гембл првпат се запознаа во 2014 година на забава организирана од модниот дизајнер Рикардо Тиши. Иако не се во брак, тие се заедно повеќе од една деценија, а Гембл често се појавува со семејството Кардашијан-Џенер на јавни настани.

Иако најчесто ја држат својата врска подалеку од јавноста, Крис Џенер неколку пати зборуваше за тоа колку Кори Гембл ѝ значи.

Таа зборуваше и за нивната разлика во годините, бидејќи Гембл е 25 години помлад од неа. Џенер призна дека на почетокот ѝ било чудно, но со текот на времето сфатила дека возраста не е пречка кога постои вистинска врска.

Во мај 2025 година, нејзиниот портпарол потврди дека Џенер била подложена на процедура кај пластичниот хирург д-р Стивен М. Левин, кого Page Six во тоа време го опиша како „маестро за лифтинг на лицето“.

Кон крајот на минатата година, во една епизода од „Кардашијан“, Џенер откри во разговор со нејзината ќерка Ким дека по бројни козметички процедури, само нејзиниот нос останал природен. „Мојот нос е веројатно единственото нешто на моето лице што е вистинско“, призна таа.

 

фото: ЕПА

Текстот (Фото) Крис Џенер се пофали со фејслифтингот од 100.000 долари е превземен од МАКФАКС.