Синди Крофорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер се видени во јавност за прв пат по трагичната смрт на нивниот единствен син, Пресли Гербер.

Скршените родители ја напуштија семејната резиденција во црн Range Rover, со Гербер зад воланот, додека Синди седеше на совозачкото седиште.

Манекенката ги криеше очите зад темни очила, додека знаци на тага беа видливи на нивните лица.

Нивното појавување следеше по веста дека нивниот 27-годишен син трагично починал во центар за рехабилитација во Лос Анџелес.

Според досегашните извештаи, сомнежите се дека причината за смртта е поврзана со предозирање со опијати, додека околностите на трагедијата сè уште се утврдуваат.

Кој беше Пресли Гербер?
Синот на моделот Синди Крофорд и бизнисменот Ренди Гербер, Пресли Гербер ја изгради својата кариера на модни писти и кампањи за големи брендови, а пред неговата смрт сè поотворено зборуваше за својата борба со менталното здравје и зависноста.

Гербер беше многу повеќе од син на еден од најпознатите модели на сите времиња. Тој влезе во светот на модата многу млад, а на 15-годишна возраст потпиша договор со агенцијата IMG Models.

За време на неговата кариера, тој се појавуваше на модните ревии на големи модни куќи, вклучувајќи ги Moshino и Dolce and Gabana, додека работеше на кампањи за брендови како што се Calvin Klein, Celine и Tommy Hilfiger.

Како што растеше, Гербер зборуваше поотворено за депресијата, проблемите со менталното здравје, зависноста и закрепнувањето.

Фото: ЕПА

Текстот Прв пат во јавност по трагедијата: Синди Крофорд фотографирана со сопругот е превземен од МАКФАКС.