Триесетитри годишната Лиао Жи, која ја загуби ќерка си и двете нозе во земјотресот во Венчуан во 2008 година, сега конечно живее среќен живот во Шангај со сопругот и двете ќерки. Веќе долго време, поранешната професорка по танцување во градот Ханванг Мјанжу во провинцијата Сечуан во југозападна Кина, ги инспирира другите со својата приказна за одржување на танцовиот сон и предизвиците кои доаѓаат заедно со вештачките екстремитети.
Земјотресот со јачина од осум степени според Рихтеровата скала ги држеше Лиао, нејзината свекрва и ќерка затрупани под урнатините повеќе од 30 часа. Нивната смрт била причина Лиао да ја изгуби желбата за живот, но во моментот кога го слушнала гласот на нејзиниот татко, таа решила да се избори и преживее за да го види повторно.
Вистинскиот предизвик се појавува во моментот кога Лиао за првпат почнува да користи простетики, а подоцна почнува и да танцува со нив. Првиот тренинг бил крвав во буквална смисла на зборот, но тоа не претсавувло пречка Лиао да стане пример за голем број хендикепирани лица. Лиао подоцна појде во Лушан во Сечуан како волонтер за да помогне на жртвите од земјотресот, изјавувајќи дека е мотивирана од луѓето кои ѝ помогнале неа во моментот кога тоа ѝ било најпотребно.
Погледнете како Лиао ги освојува срцата ширум светот:
Dancing queen with no legs! Young mother, who lost her legs and her daughter in the 2008 Wenchuan earthquake, gained her life back after becoming a double amputee, picking up her passion for dancing. pic.twitter.com/Z5Uh5dcKsB
— Beautiful China (@PDChinaLife) May 12, 2021
Во 2013 година, Лиао го запозна својот сегашен сопруг – дизајнер на вештачки екстремитети, а тие се венчаа околу една година подоцна. Денес Лиао има повеќе од 250 објавени написи на нејзиниот блог, а во повеќето од нив таа го споделува нејзиниот оптимистички став и радост за животот.
Сега Лиао и нејзиниот сопруг обезбедуваат помош за лицата со посебни потреби и ги споделуваат своите искуства, со цел да ги охрабрат и да им помогнат да ја повратат самодовербата. Браво!