Џорџина РОДРИГЕЗ и Кристијано Роналдо се преселија во Саудиска Арабија откако фудбалерот потпиша договор вреден повеќе од 450 милиони евра за клубот Ал Наср и веќе еден месец живеат во луксузен хотел во Ријад додека чекаат да се преселат во нова вила.
Тие престојувале со своите деца во хотелот Four Seasons, каде изнајмиле вкупно 17 луксузни соби помеѓу 48 и 50 кат за 3.150 евра од ноќ, пишува Daily Mail.
Во собите се сместени нивното семејство, пријателите, персоналот и обезбедувањето, а парот се сместил во апартманот Kingdom, кој се простира на два ката со вкупна површина од 350 квадратни метри.
Нивниот апартман вклучува бела мермерна бања со два мијалници, спа бања и туш кабина, а парот може да ужива во прекрасниот поглед на градот со најфините деликатеси кои им ги носи персоналот на хотелот со пет ѕвезди.
Според проценката на британските медиуми, Роналдо за едномесечен престој во хотелот ќе одвои повеќе од 280.000 евра.